ЗА МЕНЕ


М-р Алисија Колевска развоен психолог и советувач со лиценца за вршење психолошка дејност

    Родена сум во Битола. Растев во семејство со татко психолог – психотерапевт и мајка која континурано го надградува својот личен и духовен развој.

    Дипломирав со највисок просек во генерацијата на факултетот за психологија на Меѓународен Славјански Универзитет „Г.Р.Державин“ – Битола. Тема на мојата дипломска работа беше „Среќа – субјективна психичка добросостојба“ под менторство на проф. д-р Верица Стаменкова Трајкова. Студиите ги продолжив на Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје на насоката по развојна психологија. На одбраната на магистерскиот труд на тема „Димензии на настанување на возрасноста и чувство на постигната возрасност кај млади возрасни“ под менторство на проф. д-р Ана Фрицханд, беше искажано мислење „ретко успешен обид за креирање сопствен истражувачки инструмент“. Истражувањето од магистерскиот труд (прво од нашата земја) беше прифатено за презентација на меѓународна тематска конференција “Self and Identity in Emerging Adulthood” во Клуж, Романија. Со сопствено финансирање присуствував на конференцијата и според зборовите на креаторот на теоријата за настанување на возрасноста (Emerging Adulthood), проф. д-р Jeffrey Jensen Arnett, бев претставник на нашата земја (country representative). Апстрактот од истражувањето беше прифатен за презентација и на меѓународната конференција “Understanding Emerging Adulthood in Cultural and Socio-Political Contexts“ во Торонто, Канада.

    Сертифицирана сум за егзистенцијално советување од универзитетот KU Leuven во Белгија. Во моментов сум едукант на онлајн психолошки тренинг со реномирани предавачи – психолози од Обединетото Кралство.

     Имам обавувано пракса и волонтирано во повеќе институции во државата и надвор од неа. Стручно искуство стекнав како стажант во установи од областа на образованието и здравството. Успешно го положив стручниот испит за стекнување општа лиценца за вршење психолошка дејност. Професионално се надградувам и преку обуки, семинари, курсеви и работилници. Учествувам на младински проектни активности: Холандија, Романија, Франција, Русија и Германија од петнаесет годишна возраст. Одржував предавања во рамки на бесплатни едукативни активности.

     Мои други интереси се фотографија и јога. Членувам во Фото кино клуб – Битола повеќе од пет години, учествувам на локални, државни и балкански изложби. Моите уметнички фотографии можат да се погледнат на следниот линк.  Практикувам јога во Јога – друштво Битола во група за напредни практиканти.

М-р Алисија Колевска
error: Content is protected !!