Онлајн доверливо советување (преку Skype, Messenger, Viber, WhatsApp) базирано на научно докажани ефективни методи од областа на позитивната и егзистенцијалната психологија.
Кој е концептот на онлајн советувањето?
° Онлајн сесија за самоспознавање
Првата сесија трае 45 минути и е составена од три чекори:
1. релаксација и свесност за она што се случува во Вас
2. дефинирање/искусување на личната добросостојба (среќа)
3. осознавање на личните карактерни моќи
Целта на сесијата е да Ве поттикне да се насочете кон посакувана промена преку преиспитување на Вашите приоритети, подобрување на врската со себе и со другите луѓе, креирање автентични ставови и донесување мудри одлуки.
Цената е промотивна и пристапна . Уплатата се врши на трансакциска сметка.
° Индивидуализирани онлајн сесии
Наредните сесии (по барање на клиентот) ќе бидат насочени кон индивидуално советување за:
-психосоцијални проблеми (анксиозност и депресија)
-психичка криза (доживеана траума)
-конфликтна ситуација (на индивидуално ниво, во семејството/бракот и на работа)
Ψ Се почитуваат сите етички принципи за вршење на психолошка дејност.