Моќта на надежта


„Надежта е страст за возможното“ – Сорен Киркегор

Sunrise – Алисија Колевска

    Надежта е емоција која се карактеризира со позитивни чувства за блиската и подалечната иднина. Често надежта е проследена со висока мотивација, оптимизам и подобрено расположение.

    Луѓето кои се надеваат редовно го гледаат животот од неговата светла страна. Наоѓаат позитивности тогаш кога другите забележуваат само негативности и го очекуваат најдоброто за иднината. Моќта на надежта е манифестирана во вербата дека е можно да се постигнат поставените цели, уште повеќе во храброто соочување со предизвиците кои може да произлезат. Надежните луѓе покажуваат тенденција да бидат поздрави, посреќни, поотпорни и се способни да воспостават позитивни и здрави социјални врски.

    Бројни студии докажале дека вежбата наречена визуелизација на „најдоброто можно јас“ допринесува за подигнувањето и одржувањето на надежта. Кога имате барем 10 минути слободно време, замислете си ја иднината колку што е можно поповолно (и остварливо). Може да е од помош доколку изберете конкретен временски период, на пр. 10 години од сега. Во оваа иднина ги имате постигнато сите цели кои што сте ги поставиле за себе, имате достигнато до врвот на вашата кариера од соништата, ја имате пронајдено вашата сродна душа и љубовта на вашиот живот, сте во одлична физичка форма, имате пријатели кои се грижливи и доверливи, итн. Визуелизирајте и чувствувајте каква иднина ќе биде таа за вас колку што можете подетално.

    Она што е добро во оваа вежба е флексибилноста. Може да биде ограничена во еден домен од вашиот живот, да речеме вашите професионални цели и успех, или може да опфати повеќе животни полиња, па дури и вашиот живот во целина. Дополнително, можете да ги напишете вашите мисли на хартија или на електронски уред. Исто така, можете да ја визуелизирате позитивната иднина кажувајќи на глас за неа или едноставно ментално да си ја кажете без пишување или зборување. Може да седите, стоите, лежите. Суштината на вежбата е во јасното и позитивно замислување, без разлика како се изведува.

Преведено од повеќе извори и уредено

Add a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!