Дали може да се купува среќа?


Алисија Колевска – Orientation
    Веројатно сте ја чуле фразата „среќата со пари не се купува“. Но, новите истражувања посочуваат дека може да има начин да се купи малку среќа со мала сума на пари. Тајната околу ова е како ги трошите.
   Прашање: Кога би добиле мал износ на пари кои можете да ги потрошите, што од подолу наведеното би избрале?
а) Ќе ги потрошам на нешто материјално, како ново парче облека, нов предмет за декорација во домот или дополнение на една од моите колекции
б) Ќе ги потрошам на лично искуство, како самостојно одење на филм, музички настан или масажа
в) Ќе ги потрошам на заедничко искуство, како пријатна вечера со мојот партнер или посета на спортски натпревар со пријател
    Научниците ги концептуализирале трите избори како а) „имање“ (материјални нешта); б) „правење“ (во однос на самостојното искуство); и в) „споделување“ (се однесува на социјално искуство). После нивните истражувања, се утврдило дека еден од изборите е значително важен за зголемувањето на среќноста. Тоа е изборот в). Во четири студии на научниците Капрариело и Рајс, било откриено дека вклучувањето на другите во нашите искуства и сеќавања претставува клуч на среќата.
 
Преведено и уредено

Add a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!