Техники за успешно комуницирање
Posted On May 2, 2019

Ефективното комуницирање не би било толку важно ако е лесно, сепак (и баш поради тоа) дури и најемпатичните помеѓу нас имаат потреба од негово усовршување. Кога повеќето луѓе ќе слушнат „комуникација“, размислуваат за најдобриот начин на кој можат да ја пренесат нивната порака, но не и за тоа како најдобро да ја восприемат пораката на соговорникот. Прва работа на која треба да помислиме доколку сакаме да бидеме успешни во комуникацијата е токму слушањето.
Техниките кои следуваат служат за зголемување на успешноста при комуницирањето:
-
Активно слушање. Да се обидеме да ја разбереме пораката на соговорникот.
-
Одвојување време за да бидеме сигурни дека сме ја восприемиле вистинската порака. Поставување прашања или парафразирање на она што ни е кажано.
-
Практикување пауза после прашањата, со цел да се остави простор соговорникот во потполност да се изрази.
-
Одржување на достоинството и смиреноста, особено кога интензивни емоции се закануваат да го нарушат разговорот. Да се обидеме да ја запомнеме целта на конверзацијата и да не се деконцентрираме.
-
Пренесување на нашата порака колку што е можно појасно и поедноставно.
-
Прилагодување на нашата порака кон лицето кое ја восприема. Да разговараме земајќи го предвид тоа што би имало најмногу смисла од гледна точка на соговорникот.
-
Да не се зборува, освен кога имаме што да кажеме. Да размислиме пред да кажеме нешто и да знаеме зошто го кажуваме тоа.
-
Барање на заедничките нешта помеѓу нас и соговорникот. Да бидеме пријателски настроени и да изразиме почит кон гледната точка на соговорникот и тогаш кога се разликува од нашата.
-
Препознавање кога е потребно конверзацијата да биде прекратена. Да се оттргнеме од разговорот кој повеќе не е продуктивен и да се обидеме повторно кога ќе има поволна можност.
За крај, да се сетиме на последниот разговор што сме го имале и да се запрашаме дали сметаме дека сме направиле сè што сме можеле за вистински да слушаме што ни говорела личноста.