Интересни научни факти за среќата


Алисија Колевска – Parallelism
1. Позитивните емоции создаваат отпорност
Нашите емоции имаат влијание врз нашата долготрајна добросостојба. Истражувањата посочуваат дека мораме да искусиме три позитивни емоции за секоја една негативна емоција, т.е мораме да имаме сооднос 3 позитивни емоции наспроти 1 негативна емоција, за да стигнеме до „пресвртница“, после која стануваме поотпорни на неповолните околности и поспособни да ги остваруваме зацртаните нешта.
2. Среќа – вештина која може да се научи
Западната невронаука потврдува дека источната мудрост долго време знаела дека: среќата е вештина што се учи. Според истражувањата, среќата, сочувството и љубезноста се резултат на вештини кои можат да бидат научени и подобрени преку тренинг, благодарение на невропластицитетот на нашиот мозок.
3. Посреќните луѓе живеат подолго
Среќата не создава само добро чувство. Преглед на стотици студии открива сигурни докази дека посреќните луѓе имаат подобро севкупно здравје и живеат подолго од нивните помалку среќни врсници. Анксиозноста, депресијата, песимизмот и недостатокот на уживање во секојдневните активности се поврзани со повисоки нивоа на заболување и пократок животен век.
4. Заедно сме посилни
Се потврдило дека поседувањето мрежа на социјални врски или висок степен на социјална поддршка, ја зголемува отпорноста на организмот кон инфекции и го намалува ризикот од срцеви болести и од ментална детериорација на повозрасни години. Откриено е дека немањето блиски социјални врски го изложува нашето здравје на значителен ризик.
5. Оптимизмот помага да ги постигнеме своите цели
Истражувањата сугерираат дека оптимистите имаат тенденција да бидат посреќни, поздрави и подобро да се справуваат со животните предизвици.
„Одете самоуверено во насока на вашите соништа. Живејте го животот кој сте го замислиле“ – Хенри Дејвид Торо

Доколку сакате да ја прочитате и втората статија со интересни научни факти за среќата, кликнете тука.

 

Преведено од повеќе извори и уредено

Add a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!