Како (да) разговараме со себе?


Алисија Колевска – Florescence
    Начинот на кој разговараме со себе има влијание на самодовербата и самопочитта. Ефектот може да биде добар или лош во зависност од тоа дали нашиот разговор е позитивен или (деструктивно) негативен.
    Што е всушност разговорот со себе? Иако можеби досега не сме биле сосема свесни, веќе го практикуваме разговарањето со себеси. Тоа е во основа нашиот внатрешен глас, гласот во нашиот ум кој ни ги кажува работите што често не ги кажуваме на глас. Многу пати и не согледуваме дека овие тековни забелешки се одвиваат во позадина, но нашиот внатрешен разговор може да влијае врз тоа како се чувствуваме за себе.
    Позитивниот само-разговор придонесува да се чувствуваме добро за себе и за работите што се одвиваат во нашиот живот. Изгледа како да имаме оптимистички глас во главата што ја гледа светлата страна. Примери: „Го давам најдоброто од себе“, „Ќе успеам да го положам испитот“. Од друга страна, негативниот разговор со себе ни предизвикува чувство на очај. Може да ни наметне депресивно доживување на сешто, дури и на нешто што е добро. Примери: „Ништо нема да се подобри“, „Сите мислат дека сум чуден/на“.
    Тогаш, што да направиме за разговорот со себе да биде конструктивен? Постојат неколку начини за подобрување на нашиот разговор со себе:
  1. Да го слушаме она што си го кажуваме себеси
    – Да забележиме што ни вели нашиот внатрешен глас
    – Дали најчесто е позитивен или негативен?
    – Секој ден да го запишуваме она за кое размислуваме
  1. Да го предизвикаме разговорот со себе
     – Да се запрашаме:
     Дали има реални докази за она што го мислиме?
     Што би кажал/а доколку пријател/ка се наоѓа во слична ситуација?
     Дали можам нешто да сторам за да го променам она за кое се чувствувам лошо?
  1. Да го промениме разговорот со себе
     – Да направиме листа со позитивни нешта за себеси
     – Наместо да кажеме „Никогаш нема да можам да го направам ова“, да се обидеме со:      
       „Дали има нешто кое можам да го сторам за да ми помогне да го направам ова?“
    Негативниот разговор со себе има тенденција да придонесе да се чувствуваме несреќно. Но, не е можно, ниту пак корисно и да се биде позитивен цело време. Затоа, опсервирањето на нашиот внатрешен глас ќе ни помогне да имаме поголема контрола на нештата што се случуваат во нашиот живот и полесно да ги постигнеме своите цели.

 

Преведено и уредено

Add a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!