Градење самодоверба


„Без разлика дали мислите дека нешто можете или не можете – во право сте.“ – Хенри Форд

Алисија Колевска – Exploration
    Самодовербата е оптимистичко верување во сопствените компетенции или шанси за успешно извршување на задачи и постигнување на посакуваниот исход. Без разлика кое е нивото на нашата самодоверба, веројатно ќе постои можност тоа да биде повисоко. Теоријата за самоефикасност на психологот Алберт Бандура именува четири извори кои придонесуваат за унапредување на начинот на кој ги гледаме нашите способности:
1. Претходно доживеани успеси во слични ситуации
2. Набљудување на постигнувањата на други луѓе кои се слични на нас
3. Негување на позитивни емоции и справување со стресот
4. Уверувања од влијателни луѓе во нашиот живот (родители, професори, раководители, тренери) дека сме способни да успееме
5. Психологот Џејмс Медакс предложил уште еден фактор за развој на самоефикасноста преку замислување на себеси како успешно се справуваме во дадена ситуација
    Четири од наведените извори зависат од нас самите. Сепак, иако не можеме да ги присилиме луѓето да кажат добри работи за нас, можеме да ја зголемиме веројатноста да добиеме позитивни повратни информации, доколку сме посигурни во себе.
    Самодовербата игра важна улога во одредувањето на нашите шанси за успех. Всушност, некои психолози сметаат дека има поголема важност и од самиот талент. Потребно е особено да се посвети внимание на самоефикасноста кога се поставуваат целите, за да се осигураме дека нашите верувања се во согласност со она што сакаме да го постигнеме.

 

Преведено од повеќе извори и уредено

 

Add a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!