Предновогодишни прашања за рефлексија


Домашна декорација на мојата мајка
    Крајот на декември претставува добар тајминг за личен осврт кон изминатото време во период од безмалку триста шеесет и пет денови. Хронолошки сме повозрасни за една година. Дали сме и помудри? Следните прашања може да се одговараат самостојно или во разговор со семејството и пријателите. Среќно (само)рефлектирање!
– Која работа би ја издвоиле како најдобрата што се случила овaa година?
– Која работа беше најпредизвикувачка?
– Што беше неочекувана радост во годината што изминува?
– Што беше неочекувана пречка?
– Изберете три збора за да ја опишете годината.
– Изберете три збора што би ги употребил вашиот партнер или/и близок пријател за да ја опишат вашата година.
– Изберете три збора што би ги употребил вашиот партнер или/и близок пријател за да ја опишат нивната година.
– Која беше најдобрата книга што ја прочитавте оваа година?
– Со кого воспоставивте значајни релации?
– Која беше вашата најголема лична промена од јануари до декември?
– Кој беше најпријатниот дел од вашата работа (и професионално и дома)?
– Кој беше најпредизвикувачкиот дел од вашата работа (и професионално и дома)?
– На што го посветивте најголемиот дел од вашето време?
– Кое е најважното нешто што сте го научиле?
– Создадете фраза/израз што ја опишува годината за вас.

 

               Ви посакувам
среќа, здравје и успех
во Новата година!

Add a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!