Интервју за запознавање – Алисија Колевска


Интервју за професионалното искуство, објавено на сајтот Разговор.мк.
Алисија Колевска – Divine

Зошто работите како психолошки советник? 

Во моето семејство како отсекогаш да биле присутни теми на разговор од полето на психологијата. Благодарение на тоа станав свесна дека вредностите, ставовите и верувањата имаат пресудно значење за развојната насока на животниот тек. 

Што досега ве направило најгорди на својата професија?

Чувството на емпатично поврзување со искуствата на клиентот и негово насочување кон осознавање на внатрешната мудрост, притоа потпомагајќи ја мотивираноста кон посакувани промени.

Можете ли да се сетите на момент или ситуација кога сте биле инспирирани од вашата професија?

Преку мојата вклученост во стручно усовршување, последните години имав можност да се запознаам со работата на психолози кои во светски рамки ја унапредуваат психолошката дејност. 

Ме инспирира радоста од непосредните реакции на клиенти, присутни на предавања, деца, млади, испитаници, читатели, колеги, добронамерни луѓе.

Зошто ви е битно ова што го работите?

Бидејќи има можност за поттикнување на клиентот да се истражува себе си, да се развива како индивидуа и оптимално да ги искористува своите потенцијали.

Кој би бил вашиот совет за некој што се мисли дали да побара психолошко советување?

Кога поединецот чувствува дека неговото секојдневно функционирање стагнира или е нарушено, разговорот со психолог ќе го насочи кон откривање нови, поавтентични начини на поврзување со себе си и со другите. 

Како се забавувате во слободно време?

Се ревитализирам со јога. Фотографијата ми е хоби. Повремено учествувам на фото изложби. Драгоцено ми е времето поминато во дружење. Понекогаш гледам филм од Дизни или читам бестселер.

До Разговор.мк профилот на Алисија Колевска

може да се пристапи на следниот линк.

Add a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!